Search

Бектеши им порача на новинарите да учат албански

Министерот за економија, Крешник Бектеши денешната прес конференција ја започна на албански јазик. Од почит како што рече кон најголемиот етникум се обрати и на македонски.

Прашан зошто пресот го почнува по обратен редослед, не како до сега – министерот за економија Бектеши со порака до новинарите – да  учат албански.

-Jазикот е за да се доближат луѓето, е важно да се разбираме и секој дополнителен јазик е додадена вредност, а тоа секако би бил и за вас како новинар, имајќи во предвид дека има и многу функционери и секако дека имате многу колеги  кои го зборуваат тој јазик. Бидејќи е ова втор пат што ми го поставувате истот прашање, тоа било и во првите недели откако се усвои законот за јазиците, изјави бектеши.

Бектеши не одговори директно на предлогот на лидерот на „Беса“ Биљал Касами, кој на ТВ 21 порача дека и приватните компании треба да спроведат двојазичноста, бидејќи дел од дипломираните Албанци не го говореле македонскиот.

Но им  порача него и на политичарите од власта пред да коментираат да ја прочитаат владината програма. Го повтори ставот дека вработувања по етнички клуч со државни пари ќе има и во приватниот сектор, најверојатно од наредната година.

Треба да знаете
Последни објави