Search

Бектеши: ДУИ ќе повика на јавна расправа за Законот за трговија на зелените пазари

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва најави дека во наредните денови координаторот на пратеничката група на ДУИ Алими ќе повика јавна расправа што ќе се одржи во Собранието на Република Македонија за Законот за трговија на зелените пазари.

– Имајќи предвид дека ние докрај не сме запознаени за мотивите зошто по една година од усвојувањето на законското решение произлегоа сите овие проблеми, ние одлучивме нашиот координатор Алими во наредните денови да повика јавна расправа што ќе се одржи во Собранието на Република Македонија. Од јавната расправа ќе произлезе и следната одлука, изјави Бектеши во 24 Анализа, кој го пренесе ставот на ДУИ.

Љупчо Лазески од Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија информира дека атмосферата е тензична и додаде оти бројот на тезгите почнува драстично да се намалува. Тезгаџиите, како што рече, не се доволно информирани што се случува.

– Нашиот став е Законот да се одложи на одреден времски период не помал од шест месеци до година или да се укине и да се направи нов во чие донесување ќе учествуваат сите засегнати страни, рече Лазески.

И според претставниците на закупците на тезги, овој закон не е добар.

Треба да знаете
Последни објави