Search

Бекер ќе може да го гледа Вимблдон на ТВ во затвор

Легендарниот германски тенисер кој има три триумфи на Вимблдон, Борис Бекер сè уште е во затвор и нема да може да ги коментира случувањата од третиот годинешен гренд слем турнир, но ќе му биде дозволено да ги следи натпреварите од својата ќелија на ТВ поради добро однесување.

Бекер се наоѓа во затворот ХМП Хантеркомб во Оксфордшир на издржување двегодишна казна поради затајување данок. Тоа е затвор во кој обично има криминалци што треба да бидат депортирани од Обединетото Кралство.

Исто така, затворениците со добро однесување имаат имаат пристап до телефони, за да можат да разговараат со своите најблиски преку видео повик.
Поранешниот тенисер Џон Мекринро истакна дека сака што побрзо да го види Бекер на слобода.

– Борис е мој голем пријател, ова е ужасна ситуација. Сакам да го видам што е можно поскоро – изјави Мекинро.

Борис Бекер дури седум пати играше во финалето на Вимблдон и има три титули (1985, 1986 и 1989 година).

Треба да знаете
Последни објави