Search

Бекер ги нервирал чуварите и затворениците, па го „избркале“ во друг затвор

Германските медиуми објавија дека поранешниот тенисер Борис Бекер бил префрлен во нов затвор во близина на Лондон, а тоа го потврди и неговиот адвокат. Причината за преселбата на Бекер е тоа што постојано се жалел на условите во затворот, па постојано ги нервирал чуварите со тоа што имал посебни барања.

Во новиот затвор, каде што ќе биде сместен Бекер, има околу 480 затвореници во посебни и заеднички ќелии, а тие имаат можност да го продолжат образованието или да се занимаваат со спорт.

Бекер на крајот на април во Лондон беше осуден на две ипол години затвор поради банкрот и проневера.

Треба да знаете
Последни објави