Search

Бекам објави фотографија на која ја бакнува во уста својата ќерка, доби многу негативни коментари

Бекам објави фотографија на која ја бакнува во уста својата ќерка, доби многу негативни коментари

Дејвид Бекам објави фотографија на „Инстаграм“ на која ја бакнува во уста својата седумгодишната ќерка Харпер.

„Божиќ доаѓа, одиме на лизгање”, напиша Бекам во описот на фотографијата за која доби речиси милион и пол допаѓања. И тогаш  почнаа да се појавуваат  бројни коментари.

 

https://www.instagram.com/p/BqqKjb8nVaw/?utm_source=ig_embed

 

„Не е во ред таткото да ја бакнува ќерката во уста”, „Можеше да ја бакнеш во образ, во уста е чудно”, „Зошто ја бакнуваш ќерката во устата? Тоа се прави со жена”, „Дали така ги бакнуваш и синовите?”….

„Во ова проблем гледаат само перверзните”, „Што има лошо во тоа таткото да ја бакне ќерката?” „Јас не гледам ништо лошо во оваа фотка на татко и ќерка”, „Тој е прекрасен човек кој го сака своето семејство“, застанаа во одбрана обожавателите на Бекам.

Ова не е првпат Дејвид да се брани од коментари  за слична ситуација. Тој исто така  објави фотографија на која ја бакнува Харпер во уста за време на семејно патување на сафари, и тогаш го нападнаа на истиот начин. „Сите мои деца ги бакнувам во уста”, рече Бекам.

https://www.instagram.com/p/BUzluYFBQJG/?utm_source=ig_embed

„И Викторија и јас израснавме во семејства кои сакаат да покажат нежност и така се однесуваме кон своите деца”, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави