Search

Бекамови градат подземен тунел за случај на опасност

Викторија и Дејвид Бекам не може да се ослободат од стравот што ги прогонува долго време затоа што провалниците во неколку наврати се обидоа да влезат во нивната куќа.

Популарната брачна двојка планира да изгради подземен тунел, кој би ја поврзал спалната соба со нивната гаража за луксузни автомобили. На тој начин тие би можеле да имаат еден вид план за бегство доколку се загрози нивната безбедност.

Покрај тоа, тие побарале од општинскиот совет да им даде безбедносна колиба, односно место каде што би можеле да се засолнат доколку избегаат од куќата. Куќата на Бекамови, која е нивно карантинско светилиште, вреди осум милиони долари. Исто така, има тениско игралиште, куќа на дрво и базен.

„Предложениот проект вклучува премин што би се градел под куќата, а би ја поврзувал спалната со гаражата“, пишуваат странските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави