Search

Без струја утре повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Бутел, Кисела Вода и Студеничани, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Во периодот од 06:00 до 07:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од индустриската зона – Визбегово, Општина Бутел, а во оваа општина ќе има прекин на струјата од 07:30 до 15:00 часот и за корисниците од улиците „Босна и Херцеговина“ и  „Цетињска“.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Методија Патчев“ од бр. 27 до бр. 33 и улицата „Антон Димитров“ од бр. 134 до бр. 154 во населба Драчево, Општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот без напојување со струја ќе останат село Маркова Сушица и објектите во Марковиот Манастир, Општина Студеничани.

Треба да знаете
Последни објави