Search

Без струја утре делови од општина Карпош

Заради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре од 09 до 14:30 часот без струја ќе бидат делови од населбата Козле во општина Карпош.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека без струја во овој временски период ќе бидат жителите на ул.Јуриј Гагарин од бр.14 до бр.50 (парни броеви), ул.Козле од бр.109 до бр.156, како и дел од ул.Струшка и ул.Кораб, ул.Јуриј Гагарин од бр.79 до бр.105 (непарни броеви).

Треба да знаете
Последни објави