Search

Без струја утре во Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Сопиште

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја во различни временски периоди ќе останат корисниците во неколку населби во Скопје, информира ЕВН.

Во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Герника” (општина Кисела Вода).

Без електрична енергија во период од 10:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на ул. „Алжирска” од бројот 1 добр.33 (општина Карпош).

Во периодот од 11:00 до 13:30 часот струја нема да имаат корисниците од бул. „АСНОМ” броевите: 36, 52, 54, 56, 58, 114 и бр.116 (општина Аеродром).

Без електрична енергија во периодот од 11:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел на село Долно Соње и место викано Спас (општина Сопиште).

Треба да знаете
Последни објави