Search

Без струја дел од Гази Баба

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, во текот на денот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во општина Гази Баба.

Како што соопштуваат од „ЕВН Македонија“ АД, во текот на денешниот ден, односно во периодот од 7:50 до 18:20 часот корисниците од дел од булевар Киро Глигоров, поточно објектите на „Бриколаж“, „Нептун“, „Бонум“, поранешна кланица „Годел“, „Бетон Скрепер“, поранешен магацин „Славија“ и други во општина Гази Баба ќе останат без електрична енергија.

Треба да знаете
Последни објави