Search

Без струја делови од Драчево и од општините Чаир и Сарај

ЕВН информира дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбата Драчево и во општините Чаир и Сарај.

Без струја, од 09:00 до 14:00 часот, ќе бидат дел од улиците: „Маркова Река” и „Малешевска” во населба Драчево, општина Кисела Вода, како и дел од улиците: „Чаирска”, „Цветан Димов”, „7-ма Албанска бригада”, „Јајце”, „Бајрам Шабани”, „Зеф Љуш Марку” и ОУ „Тефејуз” во општина Чаир.

Од 09:30 до 14:30 часот, утре без струја ќе бидат корисниците од селата: Буковиќ, Семениште, Паничари, Раович и Ласкарци во општина Сарај.

Треба да знаете
Последни објави