Search

Без струја делови на Карпош и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ АД добиено е известување дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 8.30 до 10.30 часот корисниците од улиците Роберт Кох бр. 1, Драгиша Мишовиќ бр. 5 и бр. 7, Карпошово востание бр. 4 и бр. 8, Огражден бр. 97, Никола Русински бр. 4 и објектот на детската градинка „Орце Николов“ (општина Карпош);

– во периодот од 9 до 13 часот корисниците од улицата Лука Геров – подулици бр. 17 и бр. 19 (општина Ѓорче Петров);

– во периодот од 11.30 до 13 часот корисниците од улиците Милан Поповиќ, Мирка Гинова, булеварот Илинден бр. 97 и објектот на детската градинка „Росица“ (општина Карпош);

– во периодот од 13.30 до 15 часот корисниците од улицата Орце Николов бр. 155 и бр. 156 (општина Карпош).

Треба да знаете
Последни објави