Search

Без струја делови на Карпош, Бутел и Сопиште

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот и без електична енергија ќе останат делови на Карпош, Бутел и Сопиште.

Во периодот од 11 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. 2 и околните споредни улици во село Бардовци (општина Карпош), од 9 до 14 часот корисниците од населбата Голиево – село Оризари (општина Бутел), од 9 до 15 часот корисниците од населба Дражилово, репетиторите на „Мобимак“ кај Јаболци, викенд-населбата Патешка Река и селото Патешка Река, како и ХПП ПЦЦ „Хидро“ кај Патешка Река (општина Сопиште), од 8.30 до 15 часот корисниците од Кучевиште: ул. 22 (Куќине, Горни Ливади, Долни ливади, Чешма) во Кучевишка Бара, како и дел од улицата Призренска 2 (општина Бутел) и од 10 до 14 часот корисниците од улицата Ванчо Мицков од бр. 10 до бр. 20 и улицата Демир Трајко од бр. 1А до бр. 5Б (општина Карпош).

Треба да знаете
Последни објави