Search

Без струја делови на Илинден, Арачиново, Гази Баба, Студеничани и Центар

Од ЕВН Македонија информираат дека поради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат делови на Општина Илинден, Арачиново, Гази Баба, Студеничани и Центар.

Без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат Нептун, ЈЦС Шпед и Градежен институт во Илинден (општина Илинден) и долниот дел од Арачиново (од ПС до средина на Арачиново) (општина Арачиново).

Во време од 7:30 до 15:30 часот ул. 519 и околните споредни улици во населбата Керамидница (општина Гази Баба); од 9 до 17:30 часот дел од селото Долно Количани (општина Студеничани) и во време од 9 до 10:30 часот улицата Рузвелтова бр. 8 (општина Центар).

Треба да знаете
Последни објави