Search

Без милост: Учителка од САД доби 20 години затвор за секс со 13 годишен ученик

Учителката која имала сексуални односи со 13-годишен ученик завршила во затвор каде што ќе остане 20 години, пресудил судот во американската држава Аризона.

Британи Замора (28) го наговорила момчето да имаат секс во нејзиниот автомобил и во училницата, додека неговиот соученик чувал стража и ги гледал, а исто така му испраќала свои голи фотографии.
Учителката, која инаку била тогаш во брак, била фатена кога родителите на момчето се посомневале поради многуте пораки што му ги испраќала. Тринаесетгодишникот признал дека има сексуални односи со неа, а потоа родителите го пријавиле случајот.

Пред да имаат односи, Замора му испраќала пораки на детето дека сака да имаат секс секој ден и без временско ограничување. Тинејџерот и испраќал љубовни пораки во кои ѝ кажуваа дека е секси. Замора тогаш била брак, конкретно од 2105 година, но немаат деца. Не е познато дали двојката се уште е заедно.

Таа се изјаснила за виновна за десет точки од обвинението за секс со малолетник. Има и две обвиненија за злоставување, како и две за прикажување на сексуално експлицитен материјал на малолетно лице. Кога ја слшнала изречената казна Замора почнала да плаче.
Мајката на момчето, пак, рекла дека Замора ја украла неговата невиност, ја издала нивната доверба и го променила момчето засекогаш.

-Пред ова, тој беше невино дете, а таа ја украденеговата невиност. Ја мразам Британи Замора поради она што го стори на мојот син и на нашето семејство , рече мајката пред судот, а на учителката ѝ порачала “Се надевам дека ќе го поминеш секој миг во затворот размислувајќи за ужасното злосторство кое го изврши и кој те однесе зад решетки. Сега ќе го поминеш остатокот од  младоста и поголемиот дел од живот во затвор. Нема да дозволам да се мешаш во животот на мојот син. Доброто го победува злото, а ти си само темната сенка која нашата фамилија ќе ја победи“.

Треба да знаете
Последни објави