Search

Без заедничка изјава заврши првата средба на СБ на ОН за Етиопија

Советот за безбедност на ООН синоќа го одржа својот прв состанок за војната во провинцијата Тиграј во Етиопија, од каде повеќе од 40.000 луѓе избегаа во соседен Судан, но средбата заврши без заедничка изјава.

– Јужна Африка побара време за нејзините претставници да можат да се консултираат и да го пренесат случајот на Африканската унија. А (заедничката) изјава на Советот за безбедност може да ја комплицира ситуацијата, изјави за АФП неименуван африкански дипломат, пренесува Бета. .

– Европејците изразија загриженост, го осудија етничкото насилство и повикаа на заштита на цивилите, рече европски дипломат.

На прашањето за двоумењата што доминираат во Советот за безбедност во врска со конфликтот во Тиграј, портпаролот на ОН, Стефан Дижарик истакна дека Африканската унија е веќе во првите редови на меѓународните напори во врска со Етиопија и дека генералниот секретар го поддржува тој пристап.

Во попладневните часови, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повторно изрази загриженост за можната воена офанзива врз главниот град на Тиграј, Мекеле. Тој „ги повика етиопските лидери да сторат се што е можно за да се заштитат цивилите, да се почитуваат човековите права и да се обезбеди хуманитарен пристап” до населението, се вели во соопштението.

Меѓународната организација „Хјуман рајтс воч” ги повика ОН да го испита кршењето на човековите права и дискриминација на етничките групи во Етиопија, како и фактот дека ги повлече своите припадници на мировните сили на ООН од Тиграј од мисијата „сини шлемови” во Јужен Судан.

Средбата на Советот за безбедност на ООН, виртуелна и без присуство на јавноста, траеше само осумдесет минути. На барање на европските членки на Советот – Белгија, Германија, Франција, Естонија, Велика Британија, како и САД, беше свикана затоа што нивните африкански колеги претходно ја откажаа, иако побараа состанок во понеделникот.

„Неопходно е да им се даде повеќе време на регионалните напори”, изјави африкански дипломат за АФП за повлекувањето на Јужна Африка, сега претседавач со Африканската унија, Нигер, Тунис и Свети Винсент и Гренадини – четирите непостојани членки на Советот за безбедност.

– Африканските земји велат: „Африкански решенија за африканските проблеми”. Ние мора да го почитуваме тоа, но до одредена мерка, рече европски дипломат под услов да остане анонимен. – Во одреден момент треба да го ставиме на дневен ред овој случај (Етиопија), дури и ако тоа не им се допаѓа на Африканците, додаде тој.

Африканската унија во петокот објави дека тројца поранешни претседатели се назначени да посредуваат во Етиопија: Јоаким Чисано (Мозамбик), Елен Џонсон-Сирлиф (Либерија) и Кгалема Мотланте (Јужна Африка).

Треба да знаете
Последни објави