Search

Без вода неколку скопски улици и селата Батинци и Лубош

Поради дефект на водоводна мрежа Ф 1″ на ул.„Кузман Шапкарев” 3б, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улиците „Кузман Шапкарев”, „Гостиварска”, „Борис Серафов”, „Жеденска”, „Смилевска” и „Црногорска”.

Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување на дефектот.

Поради водоводен дефект од Ф 100″ мм на ул.7 бр.242 во село Батинци, без вода денеска од  09:00 часот  до завршување на дефектот ќе бидат и корисниците од селата Батинци и Лубош. 

Треба да знаете
Последни објави