Search

Без вода дел од корисниците во Автокоманда и улицата „Орце Николов”

Без вода денеска ќе останат корисниците од висока зона во Автокоманда и дел од корисниците од улицата „Орце Николов”.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација”-Скопје корисниците од висока зона на нас. Автокоманда ќе останат без вода од 8:30 до завршување, а прекинатото водоснабдување е поради промена на затварачи Ф-150мм и Ф-100мм во парк шума Гази Баба.

Поради дефект на приклучна цев Ф-3/4″ на улица „Орце Николов” 64, дел од корисниците од истата улица ќе останат без вода од 8:30 до завршување.

Треба да знаете
Последни објави