Search

Без вода дел од жителите на Кисела Вода

Без вода денеска ќе бидат дел од жителите на населбата Кисела Вода, соопшти РЦУК.

-Од ЈП Водовод и канализација е добиено известување дека заради промена на затворачи на водоводна мрежа со пречник 150 мм на ул. Христо Татарчев бр. 14 после Пумпената станица во нас. Кисела Вода денеска со почеток од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од подулиците со броевите 14, 16, 17, 19, 20, 21 и 22 во Општина Кисела Вода, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави