Search

Без вода делови на Центар

Од ЈП „Водовод“ информираат дека најавениот прекин во водоснабдувањето на ул.Роза Луксембург бр. 19 (за 25.11.2020 среда), односно санацијата на дефектот, се одложува за утрешниот ден (26.11.2020, четврток).

Поради уличен дефект на цевка со пречник од ф 80 мм на ул. Роза Луксембург помеѓу бр.17 и 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Роза Луксембург, дел од „Петар Поп Арсов“, дел од „9 Мај“, дел од „Христо Смирненски“, дел од „Митрополит Т. Гологанов“, дел од „Костурски херои“, дел од „Борка Талевски“ и дел од „Диме Аницин“ во периодот од 9 часот до санирање на дефектот (општина Центар).

Треба да знаете
Последни објави