Search

БЕГСТВО ОД СОПРУГАТА: Ископал подземен тунел од спалната до локалниот бар

Водоинсталатер од Омага, Ирска, ископал подземен тунел до локалниот бар. Верувале или не, барот се наоѓа на 800 метри оддалеченост од домот. Идејата ја добил откако го изгледал „Бегство од Шошенк“, се разбира, а за да го реализира подвигот му требале цели 15 години.

Целата работа излезе на виделина кога Петси Кер беше повикан на суд зашто по негова заслуга пукнала канализационата цевка под куќата на соседите. Пред судијата, тој отворено раскажал се во врска со неговиот таен тунел, но и причините што го натерале на тоа.

„Мојата жена има проблеми со ‘рчењето. Откако го изгледав филмот, во 1994-тата, решив да преземам нешто околу тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правец на пабот. Ги користев сите можни алати, од лажичка па до бушилица за тунели, која успеав да ја внесам во дупката додека жена ми беше на купување. Дури во 2009-тата успеав да излезам на другата страна, и тоа во женскиот тоалет во оставата на барот“, изјави Петси.

Последните пет години, Петси секоја вечер одел во пабот во 11 часот навечер, а се враќал во 1 по полноќ. Неговата жена немала претстава што прави нејзиниот маж кога таа заспива.

„Да бидам искрен, драго ми е што сум откриен. Жена ми секое утро чувствуваше дека мирисам на алкохол, а јас ја убедував дека тоа ми е природниот мирис. Беше само прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственикот на барот секогаш се прашуваше како доаѓам од никаде во исто време, и како исчезнувам низ женскиот тоалет“.

Треба да знаете
Последни објави