Search

Бебињата на мајките кои земале канабис може да бидат агресивни и хиперактивни

Истражување што опфатило 322 бебиња и нивните мајки, објавено во „Зборникот” на Националната академија на науките на САД, посочува дека сè поголем број бремени жени гледаат на канабисот како алтернатива за ублажување на гадењето и болките. Така, проучувањето на овој тренд е од витално значење, смета проф. Јасмин Л. Хард.

Трудот е еден од првите што директно ја испитува врската меѓу канабисот и децата, додаде надворешниот стручњак Даниел Пијомели – директорка на Центарот за истражувања за канабис при Универзитетот во Калифорнија.

Тековните истражувања сè уште не се конечни, но лекарите сепак им препорачуваат на бремените жени да се воздржат од употреба на канабис. Тој, меѓу другото, ја зголемува и опасноста од предвремено породување, ниска родилна тежина и аутизам. Научниците ги испитувале примероците од плацентата на мајката по раѓањето и го анализирале генетскиот состав. Кога бебињата наполниле три години, тестирале примероци од косата и отчукувања на срцето за да ги видат нивните реакции на стрес.

Исто така, се вршеле и проценки на анксиозност, агресија и хиперактивност. Тестовите се повторувале додека децата не наполниле шест години.

Децата чии мајки користеле канабис за време на бременоста имале дисфункционално плацентно ткиво, што го намалува имунолошкиот одговор. Така, малечките стануваат анксиозни, агресивни и хиперактивни.

Треба да знаете
Последни објави