Search

Бебе повредено во пожар во подрум од зграда во Гостивар

Три лица биле хоспитализирани по пожар во подрум во зграда, утрово во Гостивар, информираше МВР.

-На 11.05 2019 година околу 04.40 часот во Гостивар, избувнал пожар во еден од подрумите во зграда на улица Мајор Чеде. Од пожарот на лекарски преглед во Медицински центар Гостивар се јавиле три лица, а однесено е и шестмесечно бебе. Од извршениот преглед кај лицето З.М.  биле констатирани изгореници од втор степен во пределот на левата рака и вратот,кај А. С. изгореници од прв и втор степен во пределот на целото тело и кај В.С. изгореници од прв степен во пределот на лицето. Кај шест месечното бебе нема изгореници, констатирано е само вдишување на чад.Пожарот е локализиран. Увид ке се врши во текот на денов, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави