Search

БДП на Франција може да падне „за околу 20 отсто” во вториот квартал

Бруто домашниот производ (БДП) на Франција ќе се намали за околу 20 отсто во вториот квартал, а за повеќе од 8осумотсто за целата година во оптимистичко сценарио, предвидува Националниот институт за социјални и економски студии (ИНСЕЕ), јави дописникот на МИА.

Француската економија моментално работи со „околу четири петтини од нивото пред кризата”, наспроти две третини за време на затворањето, прецизира Националниот институт за статистика.

-Економската активност во јуни може да биде околу 14 отсто под нормалата (по -25 отсто во просек во мај и -35 отсто во просек во април)”, проценува ИНСЕЕ, што укажува на пад на БДП од околу 20 отсто во вториот квартал, по падот од 5,8 отсто забележан во првиот квартал.

Тоа би била „најголема рецесија од создавањето на националните сметки во 1948 година”, прецизира институтот, во кој се истакнува дека оваа прогноза мора да се земе „со претпазливост”, со оглед на неизвесноста од можен втор бран во седмиците кои доаѓаат.

Враќањето во нормала веројатно ќе трае „долги месеци”, па дури и ако активноста се врати на нивото пред кризата во јули, францускиот БДП би се намалил за осум отсто во 2020 година. Оваа бројка одговара на нивото на рецесија која владата ја предвидува за оваа година.

-Но, таквото брзо враќање во нормала се чини нереално. Според тоа, целокупното влијание на здравствената криза во 2020 година сигурно ќе биде поголемо од оваа бројка , проценува ИНСЕЕ.

-После скоро два месеци на застој, француската економија се обидува да го фати здивот. Но, таа повторно се соочува со свет кој повеќе не е ист како пред здравствената криза , додава институтот.

Од 11 мај, излегувањето од изолацијата овозможи продолжување на активноста во сите сектори. Во трговските гранки, најмногу погодени од изолацијата, загубата на активност е -25 отсто наспроти -39 отсто пред излегувањето од изолација. Во градежништвото загубата е -38 отсто (наспроти -75 отсто пред 11 мај) и -24 отсто во индустријата (против -38 отсто).

Пред сè, со повторното отворање на многу продавници, потрошувачката на домаќинства доживеа „скок” во текот на првата недела на излегувањето од изолацијата, со ниво само под 6 отсто од своето ниво пред кризата (наспроти -32 отсто на почетокот на мај) , па дури и ако дел се однесува.

Треба да знаете
Последни објави