Search

Бајиќ: Резултатот не е важен, треба да извлечеме поуки од направените грешки

Разликата во квалитет во однос на Шпанија однапред му беше позната на селекторот на македонската репрезентација, Драган Бајиќ, поради што вечерашниот убедлив пораз не му падна премногу тешко, иако секако не е пријатно да се загуби со негатива од 29 поени (65-94). Македонија за три дена игра нов квалификациски натпреавр од групата за СП 2023 на гости кај Украина. Селекторот на Македонија посакува неговите млади кошаркари да извлечат поуки од направените грешки вечерва во „Јане Сандански“.

-Можам да бидам делумно задоволен од играта во првото полувреме, освен во делот за кој однапред им го говорев на моите играчи, а тоа е дека не треба да брзаме и да ја губиме главата. Кога и да го правевме тоа, ја губевме топката и противникот нѐ казнуваше. Шпанците, очекувано, заиграа поагресивно во одбраната во второто полувреме, што се виде од фактот што некои напади дури и не можевме адекватно да ги организираме. Но, тоа е резултат кога играте против играчи од најсилната лига во Европа. Ова е средба во која резултатот не е важен. Важно е што моите кошаркари покажаа карактер и борбеност, а некои недостатоци во играта не можеме да ги исправиме во вака кусо време. Од овој натпревар треба да извлечеме поука и овој тим да се гради за тоа што нѐ очекува во следниот период, како за средбите од квалификациите за СП 2003 така и во квалификациите за следното ЕП“, изјави Бајиќ.

Треба да знаете
Последни објави