Search

Бајден: Справувањето на Трамп со короната е навреда за тие што боледуваат

Како оваа Администрација се справи со коронавирусот во САД е навреда за секој човек што боледувал од Ковид-19, изјави денеска демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

Бајден говореше утринава во Вилмингтон, сојузна држава Делавер, каде денеска започна гласањето за претседателските избори. Главното гласање за изборите е на 3 ноември, но поради пандемијата, многу сојузни држави воведоа гласање по пошта и таканаречено „рано гласање”, кое во некои држави започна и на повеќе недели пред изборите.

-Уште еднаш ја дискутиравме животната важност од носење маски, да се заштитите себеси и своите соседи, и да се спасат стотина илјади животи, истакна тој.

-Изгубивме повеќе од 220.000 животи од коронавирусот, и оваа Администрација се предаде … Одделот за наука при Белата куќа синоќа прогласи дека „окончувањето на пандемијата во САД е врвен успех на претседателот Трамп во неговиот прв мандат”, истакна Бајден.

Додаде дека таквиот став е „навреда за секој еден човек кој страдал од Ковид-19″.

-Во моментот кога бројот на заразени во голем број држави се зголемува, одбивањето да се прифати реалноста во која живееме, и тоа во време кога дневно умираат речиси илјада Американци, е навреда за секој еден човек кој страдал од Ковид-19, рече Бајден.

Треба да знаете
Последни објави