Search

Бајден подготвен да се натпреварува со Трамп во склекови

Потенцијалниот демократски кандидат за шеф на Белата куќа Џо Бајден (77) има подготвено одговор доколку американскиот претседател Доналд Трамп (73) се потсмева на неговите години или ја доведе во прашање неговата ментална состојба за време на дебатата за изборите во 2020. Во тој случај, Бајден ќе го предизвика Трамп да прават склекови на сцена, пренесува „Вашингтон пост”.

Весникот наведува дека поранешниот американски потпретседател во администрацијата на Барак Обама овие планови ги открил за време на гостување во утринска програма на телевизијата МСНБЦ кога му било поставено прашање дали е доволно силен да му се спротивстави на Трамп со оглед на слабиот впечаток што го остави по првата дебата на Демократската партија за избор на партиски кандидат.

Бајден призна дека можеби оставил таков впечаток кај некои луѓе, но рече дека никогаш не му било проблем некому да се спротивстави.

На прашањето на водителката што ќе направи доколку Трамп ги спомене неговите години или ментална состојба, Бајден одговори: Ќе му речам, ајде Доналде, ајде човече, колку склекови ќе направиш овде, другар? Мислам, на шега… Ајде, трчај покрај мене, рече Бајден.

Тој притоа додаде дека вообичаено за време на учество на паради, вклучувајќи ја и последната по повод национиот празник – 4 Јули, ја претрчува целата патека по која се движи парадата.

Треба да знаете
Последни објави