Search

Баша до Еди Рама: Ќе молиш да ја имаш судбината на Груевски

Лидерот на обединетата албанска опозиција и претседател на Демократската партија во Албанија, Љуљзим Баша, му порача на албанскиот премиер, Еди Рама, да не демонстрира сила бидејќи, како што рече, во најдобар случај ќе се моли да заврши како поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

„По драмите за време на синоќешното насилство против опозицијата, што го видоа Албанците и целиот свет, сакам јасно да му порачам на Рама да не ја поминува границата. Не демонстрирај сила со оклопни возила и солзавец. Заборави на тоа дека можеш да бидеш на власт со насилство. Во најдобар случај, можеш да ја имаш судбината на Никола Груевски“, порача Баша.

Тој укажа дека неговата Демократска партија и опозицијата настојуваат да ги вратат политичката нормалност во земјата, демократијата и надежта за секој Албанец да живее достоинствено.

Треба да знаете
Последни објави