Search

Баша гарантира мирен протест и најави дека на истиот ќе биде заедно со семејството

Лидерот на Демократската партија, која ја предводи обединетата албанска опозиција, Љуљзим Баша даде гаранција дека вечерашниот, деветти по ред „национален простет” ќе биде мирен.

– На вечерашниот протест нема да има ни една епизода на насилство. Ги превзедовме сите потребни мерки да не се дозволи инфилтрирање на провокатори, истакна Баша.

Повикувајќи ги албанските граѓани на протестот да дојдат со своите семејства, додаде дека тој на протестот ќе биде заедно со сопругата и двете ќерки.

Тој и преку Фејсбук, повика на што поголема масовност на протестот закажан за вечерва во 20 часот пред Владата во Тирана.

– Сите заедно, вечерва во 20:00 часот, како слободни луѓе, како граѓани со достоинство, како храбри Албанци, родители, сестри, браќа, синови и ќерки, на националната манифестација на нашата неповратна волја за Албанија како цела Европа! Албанија како Европа, напиша Баша.

Тој објави и видео во кое ги наведува причините зошто Албанците треба да протестираат.

– Криминалци во Владата и во Парламентот. Бандити на чело на општините. Крадци на гласови и банди во државната полиција. Владата на криминалот ги понижи Албанците. Чопорот хиени е демаскирана. На Албанците и нивните деца никој не може да им ја убие иднината, се наведува во видео записот.

Треба да знаете
Последни објави