Search

Баша: Ветинг во политиката во интерес на Албанците, нека почне од мене

Албанската опозициска, Демократска партија, предлага ветинг во политиката, што според лидерот Љуљзим Баша, е многу значаен процес за да се „отстранат од политиката корумпираните и инволвираните луѓе во светот на киминалот”.

-Во интерес на сите Албанци, на социјалисти и демократи е политиката да се исчисти од тињата на транзицијата, од луѓе, кои овие 30 години, и покрај политичкото лого што го чуваа, понекогаш го менуваа, понекогаш излегуваа со нови логоа, ја искористија политиката за да се збогатат илегално и што е најлошо, тие донесоа тиња во општеството, организиран криминал, објави Баша на Твитер.

Обвинува дека тие ја уништиле конкуренцијата на пазарот што е темел на економскиот развој и вработувањето, правејќи моќници од грст луѓе, само затоа што со „нив делат услуги, привилегии, моќ и пари, на сметка на стотици илјади чесни претприемачи”.

Лидерот на демократите рече дека е подготвен прво самиот да оди на ветинг.

-Јас ќе бидам првиот. Треба да бидат опфатени еден по еден сите пратеници, градоначалници, министери, премиерот, шефот на државата, раководители на институции и установи, во однос на нивната поврзаност со организиран криминал, нивниот имот и членовите на нивните семејства и нивните ортаци, додава Баша.

Треба да знаете
Последни објави