Search

Баша бара тестирањето за Ковид-19 да биде приоритет како во Македонија

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила,Демократската партија, Љуљзим Баша, побара преземање итни мерки за масовно тестирање на населението „како предуслов за забавување на натамошното агресивно ширење на коронавирусот”.

Во интервју за телевизијата Ора њуз тој побара тестирањето во Албанија да биде приоритет како во Македонија.

-Ние сме на половина од бројот на тестовите кои ги има направено Македонија, според бројот на жители. Тестирањето не е залудно затоа што жртвувањето да останеме дома и изолирани, може да биде залудно ако не успееме да ги идентификуваме сите засегнати или заразени од вирусот. Нема друг начин, рече Баша.

Недостатокот на масовно тестирање, смета тој, ги казнува сите Албанци. Затоа, додаде, дека неговото барање број еден е итно да се преземат мерки за масовно тестирање.

– Мобилизирајте ги сите ресурси и веднаш да се тестираат оние што се под најголем ризик, медицинскиот персонал, припадниците на вооружените сили, полицијата, административните служби и вработените во приватните претпријатие, кои се во контакт со луѓе. Ако останеме дома тоа е половина од работата доколку заразените не се изолираат и во рамките на семејството или во случаи кога им е потребна лекарска помош не се лекуваат, нагласи Баша.

При тоа тој го посочува примерот со северниот град Скадар каде од 15 тестирани дури 12 се позитивни.

-Она што се случи вчера во Скадар е ѕвоно за тревога, 12 заразени од 15 тестирани. Ова значи дека Албанија многу доцни во тестирањето,наведе Баша.

Според денешните информации на Министерството за здравство и социјална заштита до сега тестирани се 2.031 сомнителен случај.

Треба да знаете
Последни објави