Search

Бачев: Разузнавачкиот сојуз меѓу Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Германија против Србија е опасна авантура

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, по повод денешната информација за разузнавачки сојуз меѓу Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Германија против Србија рече:

„Голема е вознемиреноста и загриженоста кај мене, Единствена Македонија и македонскиот народ од денешните информации дека во Македонија е формиран заеднички разузнавачаки центар меѓу Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Германија за тајно делување против Србија. Ја предупредувам марионетската власт во Скопје дека најновиот разузнавачки сојуз против Србија е опасна авантура со штетни последици за македонските национални и државни интереси. Зоран Заев влегува во разузнавачи сојуз со Албанија, Косово, Бугарија и Германија кои сакаат да ја избришат Македонија и да доведат до нејзина поделба, а против Србија која не ги доведува во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на земјата. Излегува на виделина дека триото Заев, Димитров и Шеќеринска од за нив познати причини, до крај ќе ја тераат агендата за целосно уништување на македонскиот народ и македонската држава. Но, марионетата Заев пропушта од вид дека кај македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија се уште има храброст и решителност да се одбрани Македонија и Македонците. Единствена Македонија никогаш нема да ги предаде интересите на Македонците. Давам збор во име на Единствена Македонија дека не ја предаваме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ние ќе се бориме и за Македонија”,рече Бачев.

Треба да знаете
Последни објави