Search

Бах: Ќе работиме заедно за да ја надминеме тешката состојба

Со комбинирани напори на МОК, Организацискиот комитет на игри, општината Токио и јапонската влада, ќе се справиме со сложената состојба околу одложувањето на Олимпијадата, рече претседателот на МОК, Томас Бах.

Поради пандемијата на коронавирус, тешката одлука за презакажување на Олимпијадата за 23 јули – 8 август 2021 година е донесена минатата недела.

– Им се заблагодарувам на меѓународните федерации и Националните олимписки комитети за нивната едногласна поддршка и подготвеност да соработуваат во последните денови на консултациите. Исто така, се заблагодарувам на Комитетот за спортисти на МОК, со кој сме во постојан контакт. Убеден сум дека соработуваме со Организацискиот комитет, властите во Токио и јапонската влада и сите заинтересирани страни ќе се справат со оваа невидена ситуација”, рече Томас Бах, цитиран од канцеларијата за печат на МОК.

Треба да знаете
Последни објави