Search

Батисти екстрадиран во Италија

Поранешниот италијански левичар Џезаре Батисти (64), кој е осуден за убиство и речиси 40 години беше во бегство, вчера е испорачан на Италија откако беше уапсен во Боливија.

Батисти е уапасен од Интерпол во саботата во боливискиот град Санта Круз де ла Сиера.

Тој е осуден на доживотен затвор поради вмешаност во четири убиства во 70-те години од минатиот век, како член на левичарската група Вооружени пролетери за комунизам.

Батисти откако во 1981 година побегна од затвор, извесен период живееше во Франција, а потоа пребегна во Бразил, каде што имаше поддршка од поранешниот претседател Луис Ињацио Лула да Силва. По неодамнешната победа на претседателските избори во Бразил, Жаир Болсонаро вети дека Бастисти ќе биде испорачан на Италија. Во декември бразилскиот Врховен суд нареди апсење на Батисти, но тој исчезна.

Боливиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Батисти илегално влегол во Боливија.

Батисти е познат и како писател на криминалистички приказни, а мината година изјави дека стравува оти ќе биде мачен и убиен доколку биде екстрадиран во Италија.

Треба да знаете
Последни објави