Search

Бартомеу против дуелите од ЛШ да се играат преку викенд

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу се изјасни против идејата натпреварите од Лигата на Шампионите да се играат во текот на викендите.

Таква промена во спроведувањето на турнирот е во плановите на УЕФА за новиот формат на натпреварувањето.

– Позицијата на Барселона е јасна – натпреварите од Ла Лига треба да се одржуваат на крајот на неделава, а оние од Лигата на Шампионите во текот на неделата. Ла Лига е исклучително важна за нас. Ние сакаме Лигата на Шампионите да има еволуција, а не револуција, изјави претседателот на Барселона за „Зидојче Цајтунг”.

Плановите на УЕФА се Лигата на Шампионите да претрпи промена и на турнирот од 2024 година да учествуваат 24 екипи кои ќе бидат распределени во осум групи од по четири тима. Ова ќе загарантира повеќе натпревари на тимовите кои учествуваат во турнирот и повеќе финансиски средства.

– Постојат различни идеи за Лигата на Шампионите, но се уште немаме финален концепт. На мене ми се допаѓа проектот со 24 тима на Светското клубско првенство, заклучи Бартомеу.

Треба да знаете
Последни објави