Search

Барти триумфално ја почна тениската година

Најдобрата светска тенисерка, Австралијката Ешли Барти триумфално ја почна новата сезона со својот 14. трофеј во кариерата, откако ја совлада во финалето на ВТА турнирот во Аделаида, Јелена Рибакина од Казахстан со 6-3, 6-2.

За триумфот над 14. рангираната тенисерка на ВТА листата на Барти и беа потребни 64 минути.

Австралиската тенисерка го одигра своето 20 финале во кариерата, а второ во Аделаида каде триумфираше и во 2020 година.

Рибакина по осми пат настапи во финале на ВТА турнир во поединечна конкуренција, а 22 – годишната казахстанска тенисерка остана на титулите освоени во Букурешт во 2019, и во Хобарт, во 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави