Search

Барселон поради тројца позитивни на коронавирусот заминува во карантин

Ракометниот клуб Барселона пријави дека во своите редови има три позитивни случаи на коронавирусот, поради што комплетниот тим ќе мора да замине во самоизолација. Играчите и стручниот штаб ќе останат изолирани во наредните десет дена, поради што од каталонскиот клуб побараа одложување на двата претстојни натпревари. Барса за два дена требаше да гостува кај Веспрем во Лигата на шампионите, а за викендот да игра меч од домашното првенство со Бениндорм.

Се очекува ЕХФ да го одобри барањето на Барселона, која не е во можност да патува за гостувањето од елитното натпреварување. Наредниот натпревар од елитното европско клупско натпреаврување за Барселона е закажан за 29 октомври против Алборг кога треба да помине периодот предвиден за тимот да го помине во карантин.

Треба да знаете
Последни објави