Search

Барселона ќе плати казна оти Меси го соблекол клупскиот дрес и го покажал оној на Марадона

Матеу Лахоз е познат фудбалски судија кој сака да биде во центарот на вниманието пред играчи. Затоа никој не беше изненаден кога му покажа жолт картон на капитенот на Барселона Лионел Меси за време на дуелот со Осасуна (4:0) што се одигра на „Камп Ноу“.  Меси заработи картон  бидејќи го соблече дресот и го покажа оној на Диего Марадона од времето кога настапуваше во Њуелс Олд Бојс.

Меси со овој потег сакаше да му оддаде почит на својот ментор, идол и некогашен селектор, но на крајот доби жолт картон ! Според судијата и тој не сакал да му покаже жолт картон, туку едноставно ги применувал правилата ! Барселона за вака добиен жолт картон од Меси ќе мора да плати парична казна од 3.000 евра. Причината не е тоа што меси заработи жолт картон за соблекување на дресот, туку бидејќи под истиот носел друг дрес со други симболи. Ова не е правило само на шпанската федерација, туку и УЕФА.

Како и да е, Барселона ќе мора да плати 3.000 евра за ова, но тоа нема да го направи веднаш, туку на крајот од годината. Парите и се плаќаат на шпанската федерација, која тие пари подоцна ги дели на аматерските клубови за развој на фудбалот.

Треба да знаете
Последни објави