Search

Барселона ќе му го продаде Гризман на Атлетико со 50 отсто попуст

Францускиот фудбалски репрезентативец Антоан Гризман наскоро треба да го комплетира трансферот од Барселона во Атлетико Мадрид, каде што сезонава настапува како позајмен играч. Тимовите се договориле за трансфер на Французинот за 20 милиони евра плус два милиони во бонуси, а тоа е попуст од 50 отсто од страна на Барселона, која претходно бараше 40 милиони евра за Гризман.

Атлетико играше паметно во претходниот период и не го користеше Гризман на повеќе од 30 минути на секој натпревар за да избегне активирање на клаузулата за задолжително откупување на договорот за 40 милиони евра.

Барселона сака да се ослободи од Гризман поради високата плата, а Французинот наводно се договорил за намалување на платата за 30 отсто само за да потпише за Атлетико.

Треба да знаете
Последни објави