Search

„Барселона“ ја задржа предноста пред „Атлетико“

„Барселона“ ја совлада на Ноу Камп „Селта Виго“ со 2:0 и останаа на врвот Ла Лига со предност од три бода пред „Атлетико Мадрид“, кој беше подобар од „Еспањол“.

Домаќинот ја осигура победата во првото полувреме, по голот на Осман Дембеле во 10. минута, кој  погоди за водство откако гостинскиот голман Рубен Бланко го одбрани шутот на Лео Меси. Но Бланко беше немоќен во 45. минута кога  Меси од ивицата на шеснаесетникот ја испрати топката во мрежата на гостите.

„Барселона“ има 37 поени по 17 кола, три повеќе од „Атлетико Мадрид“ кој го победи „Еспањол“ со 1:0 со голот на Антоан Гризман од пенал.

Треба да знаете
Последни објави