Search

Барселона ја активираше откупната клаузула за Гризман

Како што пренесува француски „Л’Екип“, сагата околу трансферот на Антоан Гризман во Барселона заврши.

Тоа за што се шпекулираше во изминатите неколку месеци деновиве ќе добие официјална потврда – Гризман ќе стане нов фудбалер на Барселона.

„Л’Екип“ пренесува дека Барселона синоќа уплатила 120 милиони евра на сметка на Атлетико Мадрид колку што изнесува откупната клаузула на Французинот.

Гризман неодамна изјави дека ќе го напушти Атлетико Мадрид, а францускиот напаѓач одбил да ги започне подготовките со „Јорганџиите“ минатиот викенд.

Треба да знаете
Последни објави