Search

Барселона убедлива, 35-ти хет-трик за Меси, Роналдо остана на 34

Барселона вечерва славеше со 5:2 над Мајорка на Камп Ноу, со што Каталонците се вратија на врвот на Примера каде го делат првото место со Реал.

Гол серијата ја отвори Гризман во 7. минута, Французинот изби сам пред гостинскиот голман и ја префрли топката преку него за 1-0. Во 17. минута беше 2-0. Меси од 20 метри пласираше на подалечната статива за дуплирање на предноста. Мајорка намали на 2-1 во 35. минута со голот на Будимир но потоа капитулираше уште два пати до крајот на првиот дел.

Меси во 41. минута прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 3-1, а 120 секунди подоцна, најубавиот гол на мечот го постигна Суарез, кој со пета и од зад грб ја погоди мрежата на Мајорка.

Барса малку се опушти во продолжението од мечот па Будимир намали на 4-2 во 64. минута, но немаше нервозна завршница откако Лео Меси по трет пат стрелаше прецизно во 83. минута.

За Аргентинецот ова беше 35-тиот хет-трик во Ла Лига и тој го надмина постигнувањето на Кристијано Роналдо, кој застана на бројката од 34.

Треба да знаете
Последни објави