Search

Барселона убедлива против Селта, Араухо во бессознание изнесен од теренот

Барселона заврши голема работа и со победата над Селта Виго на домашен терен (3-1) е на прагот да го осигура второто место во Примера на две кола пред крајот во шпанскиот фудбал.

Каталонскиот тим предводен од тренерот Чави одигра допадлив дуел и на овој меч тимот го водеше супер-триото во офанзивата, Мемфис Депај, Пјер-Емерик Обамејанг и Осман Дембеле. Два гола Барселона постигна во првото полувреме, а по еден на двете страни паднаа во вторите 45 минути.

Резултатот се отвори во 30. минута кога Мемфис Депај погоди по асистенција на Дембеле. Десет минути подоцна, Пјер-Емерик Обамејанг донесе 2-0 за Барселона, а на самиот старт на вториот дел истиот играч погоди и за 3-0, со втората асистенција на Дембеле на овој натпревар на „Камп Ноу“. Селта го ублажи поразот со погодок на Аспас во 50. минута и тоа по грешка на противничката одбрана, а исто заврши и со играч помалку поради исклучувањето на Муриљо во 58. минута.

Сепак, мечот го одбележа инцидентот во кој дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо заработи тешка повреда.
Уругвајскиот фудбалер имаше тежок судар со глава со соиграч, и иако во прв момент се чинеше дека се е во ред со него по трка од 15 метри се сруши на теренот.

Веднаш интервенираа лекарските служби, па по пет-шест минути Араихо во бессознание веднаш е однесен кон болница.

Важен триумф впиша и Гранада над Атлетик Билбао во битката за опстанок (1-0). Трите бода за домаќините ги донесе Коладо кој стрела во 35. минута.

Бетис по победата во финалето од Купот на Кралот уште еднаш ја совлада Валенсија, овој пат во рамки на Примера (0-3) и продолжи да сонува дека може следната сезона да игра во Лигата на шампионите. Трите гола на мечот паднаа во второто полувреме, прво реализира Вилијан Хозе во 57. минута, па на сцена стапија Каналес и Иглесијас во самиот финиш.

Треба да знаете
Последни објави