Search

Барселона со нови мерки за справување со пандемијата

Раководството на Барселона презеде нови мерки за справување со економското влијание на пандемијата на коронавирус.

Поради намалувањето на приходите, работното време на сите вработени ќе се намали и платите ќе се намалат пропорционално. Одлуката беше објавена по состанокот на директорите на клубот, што беше спроведена преку видео-врска.

– Мерките се целосно во согласност со законот за работни односи и принципите на правичност и пропорционалност. Нашата цел е да го обновиме функционирањто на клубот што е можно поскоро, се вели во официјалната веб-страница на Барселона.

Претходно беше донесена одлука за намалување на платите на играчите на Барселона.

Спортските капацитети на клубот, сепак, ќе преминат на одделот за здравство во Каталонија, за употреба по потреба.

Треба да знаете
Последни објави