Search

Барселона се спаси во Дортмунд, Ројс промаши пенал, Валенсија го изненади Челзи

Борусија Дортмунд и Барселона одиграа 0:0 вечерва во Германија, откако домаќинот не реализираше пенал, а резултатот остана ист и откако во игра влезе и Лео Меси.
Гостите почнаа без Аргентинецот, па „банкарите“ подобро го отворија натпреварот. Најголемата шанса ја имаа во 57. минута кога Марко Ројс не реализираше пенал, неговиот удар го одбрани Тер Штеген. На петнаесет минути до крајот Валверде во игра ги внесе Меси и Иван Ракитиќ, но тоа не беше доволно за целосен плен за гостите.
Валенсија го победи Челси на Стемфорд Бриџ со 1:0 со гол на Родриго, откако Баркли во финишот на мечот промаши пенал за домаќините.
Ајакс со 3:0 го совлада Лил, Лајпциг со 2-1 славеше на гостувањето кај Бенфика. Најефикасно беше во Австрија каде Салцбург со 6:2 го победи Генк.
Јунак на вечерта беше Ерлинг Халанд (19) кој постигна хет-трик со што влее во историјата на ЛШ како трет најмлад фудбалер кој постигнал три гола на еден натпревар. Помлади од него биле само Раул и Вејн Руни.
Претходно Интер и Славија Прага одиграа 1-1, со тој резултат заврши и мечот меѓу Лион и Зенит.
Треба да знаете
Последни објави