Search

Барселона се откажа од меч во Мајами поради строгите санкции на УЕФА и ФИФА

Екипата на Барселона се откаже од својата првична намера мечот против Жиро од Ла Лига да го одигра во Мајами, поради сторгите санкции кои клубот би ги добил поради несогласувањето на УЕФА и ФИФА, пишува „АС”.
УЕФА ги предупредила Каталонците дека ризикуваат да бидат исфрлени од евротурнирите на една или две сезони, додека од ФИФА биле подготвени да им забрани на играчите на клубот да играат за националните тимови за истиот временски период.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин неодамна изјави дека никој не се консултирал со него за одигрување на натпреварот во Мајами.
– Во секој случај, потребни се дозволи, кои не биле побарани од федерациите на Шпанија и САД, како и од УЕФА и КОНКАКАФ. Дуелот нема да се игра, рече Чеферин.
Треба да знаете
Последни објави