Search

Барселона сака минимум 100 милиони за Кутињо

Барселона плати 120 милиони евра за Филипе Кутињо пред година и три месеци, а со тоа Бразилецот стана најскапиот трансфер во историјата на клубот. 26-годишниот фудбалер сепак донесе големо разочарување со своите настапи на „Камп Ноу” и се зборува напорно дека Каталонците може да го продадат во летниоттрансфер прозорец.

Во Барселона не се воопшто импресионирани од Кутињо и ако тој не успее радикално да ја промени играта во преостанатите недели до крајот на сезоната, може да се дојде до неговата продажба.

Според информациите на весникот „Марка”, Барселона ќе сака минимум 100 милиони евра, за да се раздели со офанзивниот фудбалер.

Каталонците сакаат да ги минимизираат загубите и да вратат голем дел од инвестицијата.

Во Барса се јасни дека нема да ги земат во предвид понудите за помалку од 100 милиони евра.

Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен се меѓу тимовите кои се заинтересирани за Кутињо.

Треба да знаете
Последни објави