Search

Барселона разгледува други опции за наследник на Валверде по одбивањето на Чави

Раководството на Барселона по одбивањето на тренерот на Ал-Сад, Чави веднаш да го предводи клубот, ќе разгледа неколку сценарија, пренесува „Cadena SER”.

Првата опција е да се чека Чави, кој не може да ја преземе Барса пред јуни, а до летото привремено да го назначи Хави Гарсија Пименте, тренер на Б-тимот на каталонскиот гигант.

Втората опција е да назначи нов постојан тренер наместо Ернесто Валверде. Меѓу кандидатите се екс-тренерот на Бетис, Кике Сетен и поранешниот играч на Барса, Габриел Милито, кој го предводи Естудијантес.

„Мундо Депортиво” информира дека Каталонците ги следат и тренерот на холандската репрезентација Роналд Куман и тренерот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез, но нивното назначување е малку веројатно до Евро 2020.

Треба да знаете
Последни објави