Search

Барселона против Гранада направи 1.005 додавања

– Тренерот Кике Сетјен влезе во историјата на Барселона во првиот официјален натпревар од клупата. Каталонците против Гранада славеа со минимални 1:0, но затоа направија рекордни 1.005 додавања во што досега не успеал ниту еден друг фудбалски клуб во Шпанија.

Дека Барселона се враќа на „тика-така” играта, а Сетјен инсистира на посед на топка и трпеливо трагање по „грешка” во противничката одбрана, беше забележливо уште во воведот на средбата.

Единствен тим кој направил повеќе додавања за време на еден натпревар е Баерн Минхен чии фудбалери, под водство на Пеп Гвардиола, остварија 1.033 пасови против Херта во 2014 година.

Барселона го држи и третото место во оваа статистичка категорија со 988 додавања против Леванте во 2011 година. Четврти на листата е Манчестер Сити со 979 пасови против Базел во 2018 година и со 942 додавања против Свонси истата година.

Треба да знаете
Последни објави