Search

Барселона потпиша нов догвор со Педри, откупната клаузула е една милијарда евра !

Педро Гонзалез Лопез, познат како Педри потпишал нов договор со шпанскиот фудбалски гигант Барселона кој го обврзува да остана на „Камп Ноу“ до 2026 година. Новата ѕвезда во доаѓање на Барселона според договорот има откупна клазула од една милијарда евра. Во редовите на Барселона, 18-годишниот Педри дојде минатото лето од Лас Палмас за пет милиони евра, но со разните бонуси од кои голем дел веќе се исполнити тој трансфер може да достигне и сум до 20 милиони евра.

Педри во својата прва сезона на „Камп Нопу“ беше еден од најдобрите играчи на Барселона. Блескаше и на ЕП за репрезентацијата на Шпанија. Во изминатата сезона одигра рекордни 75 натпревари играјќи и на Европското првенство и на Олимписките игри. Во овие моменти има полесна повреда, меѓутоа се очекува да биде спремен за „Ел Класико“ кое се игра на 24. октомври.

Треба да знаете
Последни објави